„LIVE YOUR GOALS“, тренинг центар „Петар Милошевски“, 20. јуни во 10.00 часот. Сите сте поканети!

Објавено на 19 Јуни, 2015 во Вести, Live Your Goals




LIVE YOUR GOALS“е кампања на ФИФА за развој на женскиот фудбал. Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ се зголемува популарноста на женскиот фудбал на локално, национално и глобално ниво. На тој начин и возбудата за најпопуларната игра во светот е многу поголема.

Девојчињата и младите жени добиваат инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своте цели преку фудбалската игра.

Женскиот фудбал бележи рапиден развој и обезбедува одлични можности за девојките и жените да имаат здрав начин на живот и да учествуваат во спортот како рекреативци и професионалци.

Женските играчи ширум светот претставуваат модел за упорност, дисциплина, тимска работа, почитување, фер игра и фудбалска техника.

Женскиот фудбал го подобрува статусот во општеството и претставува начин за соочување и справување со еден од основните проблеми – полова дискриминација.

Развојот на женскиот фудбал и учеството на девојките и жените во фудбалската игра е еден од главните приоритети на ФИФА.

Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ отвораме врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта.

Живеј ги своите цели




   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација