Македонската репрезентација со 0:1 загуби од Полска

Објавено на 07 Јуни, 2019 во Вести, Вести


Само едно невнимание, само една кобна грешка во таа 47.минута беше доволно за пораз на Македонија од силната Полска со 0:1. Криштоф Пјонтек се снајде во мешаницата пред нашиот гол и успеа да го совлада Димитриевски за триумф на гостите. Македонија имаше шанси, имавме и силен притисок во финишот на средбата, но за жал не реализиравме. Ова е прв пораз на нашата репрезентација во нашата квалификациска група Г.

Арената беше полна, околу 25.000 гледачи силно ја бодреа нашата репрезентација, но на крај резултатот беше 0:1 за Полска, за големиот фаворит.

Првиот дел како што и се очекуваше со теренска иницијатива за гостите, но шансите беа за Македонија. Нашата репрезентација беше поопасна. Посебно во 5. и 6. минута кога прво Елмас шутираше силно а Фабијански едвај одбрани, а потоа Несторовски со шут со глава за малку ќе донесеше еуфорија кај 25.000 гледачи на Арената. До крајот на првиот дел се играше цврсто, со многу фаули посебно во средината од теренот. Се обиде и Барди во 31. Минута, но топката мина метар од десниот дирек на Фабијански.

Само што започна вториот дел шок на Арената. Се играше 47. минута кога Криштов Пјонтек, кој само што влезе, успеа да го совлада Димитриевски. Полјаците како да добија уште поголема сила, а доказ за тоа се шансите на Гросицки во 63. и 65. минута. Во 75.минута Несторовски и Алиоски можеа и мораа подобро, но Фабијански покажа дека е екстра квалитетен голман. Во финишот останавме и без Муслиу поради втор жолт, односно црвен картон.

Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 25.000. Судија Џанлука Роки (Италија). Стрелци: Пјонтек 47’ (Полска). Ж. картони: Муслиу, Барди (Македонија), Беднарек (Полска). Црвен картон: Муслиу (Македонија).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски (75’ Адеми), Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Николов (62’ Трајковски), Елмас, Пандев (84’ Хасани), Несторовски.

ПОЛСКА: Фабијански, Кедзиора, Беднарек, Глик, Бережински, Клих (90’ Горалски), Криховјак, Франковски (46’ Пјонтек), Гросицки (69’ Рибус), Зјелински, Левандовски.




   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација