Полуфинален турнир - ФФМ Детски лиги 2014 година, поддржан од Шпаркасе и Рудине

Објавено на 05 Јуни, 2014 во Вести, Детски лиги

Денеска на терените во Куќата на фудбалот се одиграа четвртфиналните и полуфиналните натревари од финалниот турнир од ФФМ Детските лиги 2014 година. Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски

„Во текот на своето растење и созревање на децата им се потребни вистински вредности, а фудбалот е екипен спорт и им помага на најмладите да сфатат дека дисциплината, почитта, колективниот дух и фер-плејот се важни не само во играта, туку и во животот. Мораме да ги почитуваме и негуваме вредностите на спортскиот дух и неуморно да делуваме на негово зачувување. Ги покануваме сите фудбалски љубители да ни се придружат во одбележувањето на финалните натпревари од детската лига на ФФМ“ –  порача претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

На радост на младата популација специјален гостин на отварањето на турнирот беше овогодинешниот победник на Х Фактoр, миленикот на сите генерации Даниел Кајмаковски.

На истиот учестваат  56 екипи кои поделени во седум возрасни категории при што во секоја старосна категорија се натреваруваа по 8 екипи. Во петок ќе бидат познати најдобрите во генерациите на играчи родени 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 и 2005 а наградите ќе ги доделат претседателот на ФФМ и претставници на подржувачите на овој турнир Шпаркасе банка и Рудине.

Подолу се постигнатите резултати како и паровите кои ќе се сретнат во Петок

Резултати-завршен-распоред-финале.pdf 

РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ОД ДЕТСКАТА ЛИГА 2014:

Петок 06.06.2014

До 10,00 часот – Пристигање на екипите

10,30 часот – Полуфинални натпревари, натпревари за трето место и финални натпревари

До 15,30 – Крај на натпреварите

16,00 – Прогласување на победници и доделување на награди – претставници на ФФМ и претставници на спонзори





   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација