Репрезентација до 19 години: Македонија домаќин против Англија, Унгарија и Летонија за пласман на Европско првенство

Објавено на 06 Декември, 2017 во Вести, До 19 год


Македонските репрезентација до 19 години ќе игра против Англија, Унгарија и Летонија во елитната група за пласман на ЕП 2019. Квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство ќе го организираме во Скопје кон крајот на март идната година.Нашата надежна репрезентација одиграа перфектно во групната фаза во Скопје, победувајќи на сите три натпревари и завршија како првопласирани, пред Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ сега ќе го имаат последниот голем предизвик, пред посакуваниот пласман на завршницата на континенталниот собир. Македонија е носител во елитната група. 

-Задоволен сум од исходот на извлекувањето во Нион, мислам дека имаме голема шанса за нов, историски резултат. Групата  е силна, но можеме да се надигруваме со сите, впрочем, тоа го потврдивме со пласманот во Елитната фаза и трите победи против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Мислам дека и нашата публика ќе има можност да ужива во натпреварите, ќе играме на домашен терен, за тоа се изборивме и мораме да бидеме задоволни, изјави Вујадин Станојковиќ, селектор на Македонија до 19 години. 

Квалификациите во сите групи мора да завршат до 20 мај, а само најдобрите од сите седум групи ќе бидат дел од завршницата на Европското првенство кое ќе биде во Финска, од 16 до 29 јули.



   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
15:15 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
15:15 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација