Репрезентација до 21 година: Сигурен триумф на Македонија против Црна Гора

Објавено на 24 Март, 2017 во Вести, До 21 год


Новата генерација фудбалери на Македонија до 21 година ја победи Црна Гора со 2:0 на контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаа контролата во текот на целата пресметка, имаа подобри шанси, ги искористија најдобрите и заслужено запишаа победа.

Првата полушанса на натпреварот ја имаше Македонија во 12. минута, Бабунски асистираше, но Петар Петковски шутираше покрај стативата од противничкиот гол. Во 23. минута Кукулиќиќ го упати единствениот сериозен удар кон нашиот гол, но Мујовиќ беше внимателен.

Најубавата акција во првото полувреме ја крунисавме со погодок за водство од 1:0. Вистинска бравура на младиот Елиф Елмаз во 31. минута по асистенција на Доријан Бабунски. Бабунски убаво се загради и додаде кон Елмаз, а фудбалерот на Работнички на мајсторски начин се ослободи од противничкиот играч и сигурно реализираше за 1:0.

Во 34. минута можевме да ја удвоиме предноста, но Тихомир Костадинов шутираше крај голот на Црна Гора.

Селекторите на двете репрезентации сите замени ги направија во второто полувреме во кое Македонија повторно ја имаше контролата на теренот. Пред погодокот за 2:0 во 75. минута ударот од далечина на Доријан Бабунски беше блокиран. На петнаесеттина минути до крајот од натпреварот Костадинов беше фаулиран во шеснаесетникот на Црна Гора, а судијата Мечкаровски оправдано досуди пенал. Константин Чешмеџиев беше сигурен реализатор за 2:0.

До крајот можевме и до поубедлива победа, но Абаз и Кулески не беа доволно концентрирани во завршницата од нашите акции.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА

Пријателски натпревар / Тренинг центар „Петар Милошевски“

Стрелци: 1:0 – Елиф Елмаз (31`), 2:0 – Константин Чешмеџиев (75` п.);

Македонија до 21 година: 1. Сенад Мујовиќ, 2. Јован Попзлатанов (Давор Здравковски 83`), 3. Алекс Симовски, 4. Константин Чешмеџиев, 6. Алекса Амановиќ(Давид Атанасковски 60`), 8. Енур Тотре (Бенџамин Демир 60`), 9. Петар Петковски (Емил Абаз 69`), 10. Елиф Елмаз (Филип Стојановски 69)`, 14. Никола Кулески (Стефан Јевтоски 69`), 19. Доријан Бабунски (Ремзифаик Селмани 60)`, 20. Тихомир Костадинов (Дин Аломеровиќ 83)`; Селектор: Благоја Милевски

Црна Гора до 21 година: 1. Лазар Царевиќ (Марко Нововиќ 69`), 2. Момчило Рашо, 6. Лука Ускоковиќ (Јаник Филиповиќ 45`), 9. Борис Цмиљаниќ, 10. Оливер Шаркиќ, 11. Михајло Перовиќ, 13. Армин Пјетровиќ (Милија Голубовиќ 45`), 16. Андрија Вукчевиќ (Марко Вуќиќ 78`), 17. Никола Ниловиќ (Стефан Бајиќ 78`), 18. Миомир Ѓуриќковиќ (Дритон Цамај 69`) 21. Филип Кукулиќиќ (Стефан Вукчевиќ 69`); Селектор: Мојас Радољиќ

На 28. март (вторник) со почеток во 14:00 часот Македонија до 21 година со фудбалерите кои ќе настапат на ЕП во Полска ќе одигра контролен натпревар против Бугарија. Дуелот се игра на теренот во центарот „Петар Милошевски“.




   
   
Актуелности

14.11.2018    Вести

Интервју со в.д. председателот на ФФМ, Мухамед Сејдини

Инвестицијата во фудбалски игралишта е добра инвестиција. Ќе продолжиме со различни активности за развој на фудбалот. М...

Календар

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација