Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир

Објавено на 08 Јули, 2019 во Вести

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ: Заеднички, спортски и братски да изградиме европски стадион

Фудбалската федерација на Македонија во насока на унапредување на фудбалската инфраструктура на стадионите во државата и веќе најавените проекти за изградба на трибини денеска заедно со општина Чаир официјално ги започна градежните активности за изградба на нова трибина на стадионот во Чаир со капацитет од 1792. места на која е предвиден покриен дел во чии рамки ќе бидат изградени технички и лекарски простории, ВИП простор, застаклена кабина за ТВ коментаторски позиции и платформи за лица со посебни потреби. 

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, бројни високи политички претставници, меѓу нив и амбасадорите на Косово и Албанија, како и поранешни фудбалски легенди на Слога Југомагнат и Шкупи го означија почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура и ќе ги задоволува европските критериуми. 

-Многу сум среќен што вложуваме заеднички напори и средства за изградба на нова трибина на стадионот во Чаир, нешто што му недостасуваше на овој стадион. И секогаш е убаво  чувството кога сведочиме за почеток на квалитетно вложување во фудбалот, а стадионот во Чаир е пример токму за тоа. Не само поради историјата на Слога Југомагнат или Шкупи, туку воопшто за сите фудбалери, љубители или навивачи на клубот. Голема благодарност до нашиот драг Висар, поранешниот селектор, а сегашен градоначалник на општина Чаир, за напорите кои ги вложуваат за да добиеме европски стадион. Вложувањето во инфраструктурата е предуслов за успешен развој на нашиот фудбал. На добар пат сме и се надевам дека секој ќе си го одработи својот дел од работата на најдобар начин и наскоро ќе добиеме прекрасен стадион. Одиме чекор по чекор, но сите чинители заедно, ФФМ, УЕФА преку програмата за развој и општина Чаир, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација