Бесарт Ибраими: Убаво е чувството да се биде повторно во дресот на репрезентацијата

Објавено на 17 Октомври, 2022 во Вести, Вести


Македонската селекција составена од фудбалери, претежно од домашниот шампионат, ги започна подготовките за контролниот натпревар против Саудиска Арабија на 22. октомври во Абу Даби.

Денешниот прв тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одработија сите повикани фудбалери со исклучок на Дарко Велковски. Нашиот интернационалец во Абу Даби ќе му се приклучи на тимот. 

Еден од најискусните во овој состав, Бесарт Ибраими вели дека секогаш е убаво чувството кога се настапува во дресот на македонската репрезентација. 

- Убаво е чувството повторно да се биде во дресот на репрезентацијата. Сите што сме овде треба максимално одговорно да ја сфатиме нашата задача и да се обидеме да направиме позитивен резултат против Саудиска Арабија. 

- Нѐ очекува силен предизвик. Противникот се подготвува за настап на Светското првенство и веројатно ќе бидат мотивирани за победа и зголемување на самодовребата пред почетокот на Светскиот шампионат. Наше е да го покажеме квалитетот, да ја оправдаме довербата на селекторот и да потврдиме дека и во нашата лига има фудбалери со репрезентатитевен потенцијал, изјави Ибраими. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација