Објавено на 31 Јули, 2015 во Вести, Семинари
Лиценцирањето се одржа во хотел „Гранд Плаза“, а на присутните тренери им се обратија претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, претседателот на Тренерска организација, Ѓоре Јовановски и директорот на Центар за едукација, Небојша Марковски.
- Сите ние кои сме дел од Фудбалската федерација на Македонија имаме
одговорност и обврска активно да се вклучиме во програмите на федерацијата кои
придонесуваат за развој на македонскиот фудбал. Едукацијата на тренерите е едно
од важните прашања за ФФМ, верувам дека и тренерите на вистински начин ќе го
прифатат нашиот концепт, посебно националната програма која претставува нова филозофија во создавањето на играчи и овозможува
долгогодишен опстанок и развој на македонскиот фудбал. Квалитетот на создавање
на играчи претставува многу комплексен концепт и во теорија и во пракса, а
стручните лица кои можат да помогнат во развој на фудбалот, Македонија мора да
ги создаде сама, оттука многу е значајно да се продолжи процесот на едукација, независно
што веќе сте тренери со ПРО лиценца и да се следат семинарите кои ги
организираме со врвни стручни тренери од странство. Ние сме тука активно да се
вклучиме во процесот и се надевам на позитивни промени, рече во обраќањето,
Илчо Ѓорѓиоски.
Потоа следеше презентација на Претседателот на лекарска комисија при ФФМ и член на антидопинг комитетот на ВАДА, Д-р Илија Стоилов на тема „Спортот со и без допинг“, на кој беа опфатени сите аспекти и можни последици од користењето на допинг супстанции и која е улогата на тренерите во спречувањето на оваа појава во макфудбалот.
Настанот заврши со доделувањето на тренерските лицецни од страна на Проф.Д-р Небојша Марковски кој на сите тренери им посака успешна сезона.