ФФМ организатор на првиот фитнес судиски семинар надвор од рамката на УЕФА. Пријавени интернационални судии од десет држави во регионот

Објавено на 20 Јуни, 2022 во Вести, Семинари


Фудбалската федерација на Македонија го организира првиот регионален  фитнес камп за судии надвор од рамката на УЕФА. 
Нашата федерација е иницијатор и целосно го организира кампот на кој ќе учествуваат вкупно десет држави од регионот претставувани со по две судиски тројки, една машка и една женска судиска тројка.
На судискиот камп кој на овој начин се организира за прв пат воопшто во Европа, пријавени се интернационални судии од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија. Судиите кои ќе ја следат тродневната програма ќе имаат можност да се запознаат со најновите програми и потреби за натпреварувањата во рамки на УЕФА. 
фудбалската федерација на Македонија за потребите на судискиот камп успеа да го обезбеди за предавач главниот тренер на УЕФА, Вернер Хелсен, кој ги селектираше и подготвуваше судиите за последните три Светски првенства и последните шест Европски првенства. 

За главниот тренер на УЕФА за подготовката на судии, гостувањето во Македонија на покана на ФФМ се случува по вторпат, откако во октомври 2021 година беше предавач на семинарот за сите национални главни и асистенти судии од Прва и Втора МФЛ. 

Теоретските и практичните сесии од претстојниот камп ќе бидат реализирани од нашиот национален фитнес тренер за фудбалски судии, Сашо Даневски, кој воедно е првиот македонски кондициски тренер ангажиран од страна на УЕФА. 

Фудбалската федерација на Македонија со низата реализирани активности во изминатите три години, добива позитивна препорака од европската конвенција на УЕФА и служи како позитивен пример за напредок, имплементација и спроведување на потребните судиски стандарди и норми. 

- Под покровителство на Фудбалската федерација на Македонија од 24. до 26. јуни ќе бидеме организатори на првиот балкански фитнес камп за судии надвор од рамка на УЕФА. Семинарот содржи практичен и теоретски дел и сметаме дека ќе има големо значење за судиите за нивниот напредок. Последно сме горди што ФФМ е покровител на семинарот и од име на целата наша судиска организација упатувам голема благодарност до раководството на федерацијата, изјави Димитар Мечкаровски, претседател на Судиската организација во рамки на ФФМ. 



   
   
Актуелности

26.02.2024    Антидопинг

ФФМ организираше две антидопинг работилници

Работилниците беа организирани за македонските репрезентативки од А селекцијата и младите репрезентативци до 17 години. ...

Календар
А репрезентација