Објавено на 03 Декември, 2014 во Вести, Фудбалска академија
Фудбалерите од скопската паралелка одиграа одличен натпревар, беа поквалитетен противник во текот на целата средба и сосема заслужено издвојуваа победа. Стрелци на головите за победничката паралелка беа Алексовски Филип, Димовски Никола, Трпески Александар и Трпески Даниел. Единствениот погодок за паралелката од Прилеп го постигна Наумоски Дарио.
Тренерите во Паралелката Скопје, Звонко Златановски и Роберт Стојановски дуелот го започнаа во следниот состав: Наков Лука, Бесар Буши, Факиќ Мерис, Здравковски Нинослав, Мустафи Бесим, Насковски Гоце, Бислими Гент, Фазлагиќ Енис, Алексовски Филип, Филиповски Леон, Димовски Никола.
Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....