Објавено на 28 Јануари, 2016 во Одлуки, Вести
1. Младеновски Дејан – главен фудбалски судија на натпреварот се казнува со дисциплинска мерка забрана на судење во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.000 евра (илјада евра во денарска противвредност).
2. Тошевски Саше – прв помошен фудбалски судија на натпреварот се казнува со дисциплинска мерка забрана на судење во траење од 1 (една) години и парична казна во износ од 500 евра (петстотини евра во денарска противвредност).
3. Ивановски Бојан – втор помошен фудбалски судија на натпреварот се казнува со дисциплинска мерка забрана на судење во траење од 1 (една) години и парична казна во износ од 500 евра (петстотини евра во денарска противвредност).
4. Со донесување на оваа Одлука суспензијата СЕ УКИНУВА за погоренаведените судии.
5. Казната тече од 16.12.2015 година.