Објавено на 27 Март, 2023 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 17 години сосема заслужено успеа да оствари минимална победа над соодветната селекција на Романија во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски" избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во еден неизвесен натпревар, со многу борба и пожртвувана игра успеаа да издвојат минимална победа од 1:0.
Никола Стојковски беше стрелец на единствениот погодок на денешната средба во второто полувреме, во 65. минута. Нашите млади фудбалери беа подобар противник во текот на сите 90. минута. Имавме неколку одлични нереализирани можности за погодок преку Манојлов, Алији и Незири.
Македонија: Амар Хаџибулиќ, Анес Мељиќи, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији;
Селектор: Вујадин Станојковиќ;