Објавено на 16 Септември, 2024 во Вести, До 17 год жени
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа две победи и еден пораз на меѓународниот турнир што се одржа во Италија во периодот од 11 до 15 септември.
Во рамките на првото коло од турнирот, нашите млади фудбалерки во еден интересен и возбудлив натпревар забележаа победа со минимални 3:2.
Во вториот натпревар, против селекцијата на Албанија, Македонија одигра одличен натпревар и успеа да издвојува нова победа со 6:4.
Во последниот меч против домаќинот Италија, забележавме убедлив пораз со 3:0.
Репрезентацијата предводена од Катерина Милеска на крајот го освои второто место на меѓународниот турнир во Италија.