Македонија во група со Франција, Србија, Украина, Фарски О. и Ерменија во квалификациите за ЕП до 21 година

Објавено на 28 Јануари, 2021 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2023 кое ќе се игра во Романија и Грузија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат во група со Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. 

Благоја Милевски - селектор на македонската репрезентација до 21 година:

Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник“.

Едноставно, нема лесен противник, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. Со сите репрезентации во групата имаме меѓусебни натпревари, но ова се нови генерации и нови фудбалери“.

„Би било добро квалификациите да ги започнеме од септември, од причина што немаме ниту еден собир со новата генерација. Распоредот ќе го решаваме заеднички, но би сакал да одработиме барем два собири со неколку контролни натпревари пред официјално да го започнеме новиот квалификациски циклус“.

ЕП КВАЛИФИКАЦИИ за ЕП 2023:

ГРУПА А: Хрватска, Австрија, Норвешка, Финска, Азербејџан, Естонија
ГРУПА Б: Германија, Полска, Израел, Унгарија, Летонија, Сан Марино
ГРУПА Ц:Шпанија, Русија, Словачка, Северна Ирска, Литванија, Малта
ГРУПА Д: Португалија, Грција, Исланд, Белорусија, Кипар, Лихтенштајн
ГРУПА Е: Холандија, Швајцарија, Бугарија, Велс, Молдавија, Гибралтар
ГРУПА Ф: Италија, Шведска, Ирска, БиХ, Црна Гора, Луксембург
ГРУПА Г:  Англија, Чешка, Словенија, Албанија, Косово, Андора
ГРУПА Х: Франција, Србија, Украина, Македонија, Ф. Острови, Ерменија
ГРУПА И: Данска, Белгија, Турција, Шкотска, Казахстан 

На ЕП 2023 ќе патуваат вкупно 14 селекции, плус домаќините Грузија и Романија.




   
   
Актуелности

19.09.2021    Вести

Женската репрезентација на Македонија до 19 години несреќно поразена од Романија на првиот контролен меч

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 година загуби минимално со 1:0 од соодветната селекција на Романија во...

Календар

07 Окт

16:00 Фарски Острови - Македонија
    У21 квалификации за Европско

08 Окт

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

11 Окт

20:45 Македонија - Германија
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација