Македонската селекција го оддржа првиот тренинг во Абу Даби

Објавено на 19 Октомври, 2022 во Вести, Вести


Македонската селекција која в сабота, на 22. октомври ќе и се спротивстави на репрезентацијата на Саудиска Арабија во конторлен натпревар, денеска во Абу Даби го оддржа првиот тренинг. Во тимот се приклучи и нашиот стандарден репрезентативец, Дарко Велковски.

Напаѓачот на тетовска Шкендија, Влатко Стојановски смета дека сите фудбалери кои ќе добијат шанса од селекторот Благоја Милевски ќе го дадат максимумот на силниот контролен меч.

Ова е еден тест натпревар како за нас така и за нив. Мислам дека се работи за квалитетен тим кој ќе игра на Светското првенство. Очекувам еден квалитетен натпревар, мислам дека сите играчи ќе го дадат својот максимум за да му докажат на селекторот дека може да смета на некои имиња од овој тим и во следните натпревари“, изјави Стојановски.

Методија Максимов од Работнички, исто така, смета дека фудбалерите кои се повикани за овој натпревар ќе се обидат да ја покажат својата вредност.

Ги стартувавме подготовките во Абу Даби, фокусот е кон Саудиска Арабија, силна репрезентација која ќе биде силен тест за нас. Сакаме да покажеме дека вредиме и дека селекторот може да смета и на нас. Се надевам дека работите ќе одат според нашиот план“, изјави Максимов.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација