Марко Алчевски: Жалиме за пропуштената победа против Кипар

Објавено на 18 Ноември, 2022 во Вести, До 21 год


Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во Ларнака ги продолжува подготовките за претстојниот контролен дуел против Србија, по вчерашниот меч со домаќинот Кипар.

Во интересен натпревар со многу возбудувања и неискористени шанси, Македонија и Кипар одиграа нерешено 1:1.

Стрелец на единствениот погодок за Македонија беше Марио Илиевски во 66. минута од средбата. Можеме да жалиме за пропуштената победа на овој дуел, бидејќи во 85. минута не успеавме да реализираме удар од 11. метри.

Марко Алчевски, еден од најдобрите поединци на вчерашниот меч против Кипар, кој имаше неколку извонредни интервенции даде своја анализа за вчерашната игра на Македонија.

- Одигравме навистина добар натпревар против квалитетната и незгодна селекција на Кипар. Жалиме за пропуштената победа, но што е тука е, одиме понатаму.

-Имаше доста позитивни работи во нашата игра на вчерашниот меч против Кипар, но и сегменти и делови од играта каде што мораме да се подобриме. На прав пат сме, сакаме да бидеме подобри на секој нареден меч.

- Нема да биде лесно против селекцијата на Србија, имаме одличен противник за надигрување, сакаме да оствариме победа. 

-Имаме квалитетен тим, владее одлична енергија помеѓу нас фудбалерити, поседуваме јасна цел и визија. Треба на секој натпревар да пристапиме со одлучност и голема желба за победа. 

На 22. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе одиграат уште еден контролен натпревар против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација