Објавено на 15 Септември, 2018 во Одлуки, Вести
На денешната седница на Управниот одбор на ФФМ одржана во Охрид на 15.09.2018 г., меѓу другото беа донесени следните одлуки:
- За победите против Гибралтар и Ерменија во рамки на УЕФА Лига на Нации фудбалерите на А националниот тим, како и стручниот штаб ќе добијат награда во висина од 30.000 ЕУР.
- Се задолжува Генералниот Секретар за отпочнување на активности во насока на подготовка на измени и дополнувања на статутот на ФФМ.