Познати осминафиналните парови во Купот на Македонија

Објавено на 28 Септември, 2021 во Куп на Македонија, Вести


Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беа одредени 1/8 парови во Купот на Македонија. 

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Силекс ќе игра против струмичка Беласица. Во локално дерби, Вардар ќе го пречека тимот на Скопје, додека Шкендија ќе игра против Ренова. 

СТРУГА ТРИМ ЉУМ - БОРЕЦ 1919

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.

ШКЕНДИЈА - РЕНОВА

ВАРДАР - СКОПЈЕ

БРЕГАЛНИЦА - ОХРИД ЛИХНИДОС

БЕЛАСИЦА - СИЛЕКС

ПЕЛИСТЕР - РАБОТНИЧКИ

ШКУПИ 1927 - ТИКВЕШ 1930

Еден натпревар одлучува за место на екипите во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Натпреварите од 1/8 финалната фаза ќе се одиграат на 20. октомври 2021. со почеток  во 14:00 часот. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација