Објавено на 21 Март, 2022 во Вести, Детски лиги
Минатата недела беа одржани повеќе активности за дечиња во неколку региони во Македонија.
Спортската активност на учениците вклучуваше трчање, вежби за координација и тренинг со топка. Атмосферата беше одлична, сите дечиња беа весели и уживаа во спортската активност заедно со своите професори.
Дечињата заедно со своите наставници по физичко образование одработија одличени тренинзи, а на крајот одиграа и еден фудбалски натпревар меѓусебно.
Фудбалската Федерација на Македонија ќе продолжи континуирано преку проектот „Фудбал во училиштата" да помага и да им дава поддршка на најмалите во остварување на нивните сонови и унапредување на своите знаења и вештини.
Ученичките од 4/5-то одделение од ООУ Климент Охридски oд Македонски Брод под менторство на наставникот по ФЗО Јовица БлажескиУченичките од 4/5-то одделение при ООУ„Браќа Миладиновци“ општина Илинден – Скопје, тренингот го реализираа заедно со своите наставници по ФЗО Дејан Димитријевиќ и Влатко Најдовски.Група ученици од 4а и 4б одд. при ООУ„Страшо Пинџур“, општина Ѓорче Петров - Скопје, реализираа активности заедно со своите одделенски раководители Ирена Симјановска, Боркица С. Настовска и наставникот по ФЗО Сашо Војнески.
Во проектот „Фудбал во Училишта” може да учествуваат сите дечиња кои имаат желба да тренираат фудбал но немаат соодветни услови.
КОНКУРСОТ ЗА УЧЕСТВО НА УЕФА Ц курсот е ЗАТВОРЕН заклучно со 26.10.2024...