Проект на ФФМ „Фудбал во училиштата

Објавено на 17 Март, 2022 во Вести, Детски лиги


Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со ФУСМ (Федерација на училишен спорт во Македонија), започна со реализација на проектот за училишен фудбал низ повеќе основни училишта во Македонија.

Во проектот „Фудбал во училишта”  учествуваат сите дечиња од вклучените училишта кои имаат желба да тренираат фудбал, но немаат соодветни услови.

Проектот за училишен фудбал предвидува активно вклучување на 76 основни училишта од цела Македонија, со учество на близу 5000 деца од второ до петто одделение, меѓу нив најмалку 1000 се девојчиња.

Целта на овој училишен проект на Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ФСУМ е директна вклученост и ангажман на најмладите, нивен личен развој, како и почитување на основните вредности во животот. Една од важните работи потенцирани во проектот за училишен фудбал е развојот на женскиот младински фудбал, а секако и да се привлечат вклучените дечиња да продолжат да тренираат фудбал на редовна основа во фудбалски клубови. 

По тој повод, во хотел Романтик во Велес се одржа семинар на тема: Фудбал во училиште за девојчиња. Носител и организатор на проектот е Фудбалска федерација на Македонија во соработка со Федерација на училишен спорт на Македонија. 

Во проектот се вклучени 24 основни училишта, вкупно 450 девојчиња од 4/5 одделение и тренери од женските фудбалски клубови во државата. На семинарот присуствуваа наставниците по ФЗО и тренерите од клубовите. Воведно обраќање имаше Лазар Ракиџиев, потпредседател на ФФМ и проф. д-р Александар Туфекчиевски, претседател на ФУСМ. Предавачи на семинарот беа Бојан Марковски претставник од ФФМ и проф. Зоран Наков од ФУСМ, одговорни лица за реализација на проектот. На сите училишта вклучени во проектот им беа доделени вкупно 150 фудбалски топки од ФФМ.

Покрај овој проект наменет за девојчиња, на 4. март во просториите на ФФМ се одржа  работилницата  во чии рамки беше промовирана програмата на активности за развој на училишниот фудбал во триесетина градови во државава.

Во прилог галерија со фотографии од неколку училишта низ земјата кој ги одржаа првите спортски активности.

ООУ "Круме Кепески" - Скопје, под менторство на наставничката по ФЗО Моника Јаневиќ.

ООУ"Марко Цепенков" - Скопје, под менторство на наставниците по ФЗО Љупчо Рафевски и Александар Мирчевски.

ООУ„Живко Брајковски" - Бутел, наставник по ФЗО Муамер Абдула.





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација