Објавено на 21 Октомври, 2015 во Вести, До 17 год
Репрезентации до 17 години: ШКОТСКА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (2:0)
УЕФА, квалификациски турнир, Бургас.
Стадион: Лазур
Стрелци: 1:0 Шон Бауверс ( 8`); 2:0 Луис Морисон ( 21`); 3:0 Брок Ватсон ( 70`)
Младата репрезентација на Македонија до 17 години со пораз го започна настапот на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза кој се одржува во Бургас, Бугарија. Нашите фудбалери беа поразени со 3:0 од Шкотска во првото коло во рамките на групата 12.
Шкотска ја потврди улогата на фаворит. Лошо прво полувреме не чинеше пораз во овој дуел. Голот за предност на шкотите од 1:0 го постигна Бауверс во 8`. На 2:0 зголеми Морисон во 21`. Конечните 3:0 беа дело на Ватсон во 70` од натпреварот.
Во првиот натпревар од нашата група, селекцијата на Италија славеше со 3:0 против домаќинот Бугарија.
МАКЕДОНИЈА: 1. Христијан Стевковски (к) 9. Бобан Здравевски (Марко Александар Феруковски 41`) 2. Тодор Тодороски 3. Михаил Маневски 5. Андреј Кировски 6. Антонио Митрев 4. Елиф Елмаз 7. Филип Јовановски 10. Димитар Митровски 14. Филип Стојчевски (8. Јани Атанасов 68`) 11. Кристијан Трапановски (18. Борче Ласков 64`);