Соопштение во однос на натпреварот Вардар - Детонит

Објавено на 24 Мај, 2024 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија како организатор на бараж натпреварот ВАРДАР - ДЕТОНИТ Плачковица за пополнување на Прва МФЛ праќа информација во врска со организацијата, продажбата и распределбата на билети за натпреварот закажан на 26. мај на стадионот "Благој Истатов" во Струмица. 

- На состанокот во "Куќа на фудбалот" беше прифатен предлогот на ФК Вардар, Струмица и стадионот "Благој Истатов" да биде домаќин на натпреварот. 

- ФФМ даде предлог и истиот беше прифатен од претставниците на клубовите (Влатко Колев - ФК Вардар и Игор Чапев - ФК Детонит Плачковица), двата клубови да добијат по 50 гратис билети за натпреварот. 

- Клубовите беа согласни со одлуката билетите да бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MK Tickets. 

- На состанокот, исто така, беше прифатен предлогот, јужната трибина на стадионот "Благој Истатов" целосно да се стави на располагање на навивачите на ФК Вардар, а доколку е потребно, да се обезбедат услови за отворање и на трибина зад головите. 

Фудбалската федерација на Македонија е организатор на натпреварот и има еднаков однос и третман кон сите клубови - учесници во натпреварувањето. Нашата, а веруваме и целта на сите клубови е преку фер и спортска игра да ги достигнеме целите за кои се бориме.
Фер и спортски. 

Посакуваме добар натпревар во вистинска фудбалска атмосфера. Нека се радува подобриот.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација