Објавено на 06 Јули, 2017 во Вести, UEFA Super Cup
Краен рок: Платформата ќе биде затворена на 21. Јули (23:59 ч.) - Задоцнетите барања нема да се земаат во предвид.
КАКО ДА ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА МЕДИУМСКИ АКРЕДИТАЦИИ
1. Медиуми и Не-носители на права регистрирани во FAME (платформа на УЕФА):
Претставниците на медиумите со FAME кориснички сметки можат да аплицираат за акредитации и медиумски резервации преку нивните кориснички сметки достапни преку медија порталот:
Радио и ТВ Не-носителите на права со FAME кориснички сметки можат да аплицираат за акредитации и медиумски резервации преку нивните кориснички сметки достапни преку порталот за радиодифузери:
https://broadcasters.fame.uefa.com
Како да се логирате:
FAME е оптимизиран да биде повеќе од едноставен за користење. За да влезете во вашата сметка на FAME, ве молиме да постапите на следниот начин:
1. Изберете надворешен корисник;
2. Внесете го вашето корисничко име и лозинка;
3. Кликнете на Пријавете се.
2. Медиуми и Не-носители на права кои не се регистрирани во FAME:
Упатствата, насоките и потврдата на барањата за аплицирање и регистрација на FAME може да се најдат тука:
http://www.uefa.org/mediaservices/accreditation/index.html
БАРАЊА ЗА МЕДИУМСКА АКРЕДИТАЦИЈА
Информации за лична карта / пасош
Сите лични податоци и информации за идентификација мора да бидат валидни, точни и целосно да ги одразуваат информациите од личната карта или пасошот што треба да се презентираат за да се соберат уреди за акредитација.
Ажурирајте го вашиот профил
Претставниците на медиумите мора да испратат во FAME валидна прес-картичка, како и најновите работни примероци од нивните статии или објавени фотографии со јасно идентификуваните информации за автор и датум. Ова се прави во делот "Документи".
Самостојни новинари:
Самостојните новинари мораат да постават писмо за доделување издадено од страна на веродостоен медиум за да го покриваат настанот и да го испратат до медиумските услуги на УЕФА на: media.accreditations@uefa.ch
Организација или промена на функциите
Ако има промена во организацијата, статусот на вработување или функцијата, медиумските услуги на УЕФА мора соодветно да бидат известени на: media.accreditations@uefa.ch
Критериуми
Во очекување на голема побарувачка за медиумски акредитации и ограничувањата на просторот, УЕФА ги применува истите критериуми како и во изминатите изданија при одобрување или одбивање на барањата за акредитација. Приоритет ќе им биде даден на медиумите кои ги имаат нивните FAME сметки ажурирани и медиумите кои се акредитирани за UCLF или UELF финалето. Во однос на локалните медиуми, ќе се земат предвид професионалната активност и опфатот на натпреварите од националниот тим и натпреварите во клупското првенство.
КОНТАКТ
Прашањата поврзани со процесот на аплицирање, упатствата за медиумска акредитација и поддршката треба да се пренасочат на: media.accreditations@uefa.ch.
Секторот на УЕФА за медија акредитации на uefa.org е достапен со информации за сите теми за акредитација на медиумите околу настаните на УЕФА:
http://www.uefa.org/mediaservices/accreditation/index.html
Адресата за контакт на е-пошта која ќе им биде дадена на претставниците на медиумите е само: media.accreditations@uefa.ch