ВАЖНИ информации за навивачите кои ќе го следат натпреварот во Палермо

Објавено на 21 Март, 2022 во Билети, Вести


ЗБИРНО МЕСТО за ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ до СТАДИОНОТ

Збирното место на македонските навивачи во Палермо на денот на натпреварот за организирано одење на стадионот „Ренцо Барбера“ ќе биде на плоштадот "Пјаца Франческо Криспи“ (Piazza Francesco Crispi).

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со јавните власти на Палермо, на денот на натпреварот (24. март), договорија сите наши навивачи од плоштадот „Пјаца Франческо Криспи“ да имаат бесплатен автобуски превоз до стадионот „Ренцо Барбера“. Предвидени се два слота за автобуските шатлови (ќе транспортираат напред - назад), еден помеѓу 17:00 и 18:00 часот и помеѓу 18:00 и 19:00 часот.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРОВЕРКИ

Сите навивачи ќе бидат проверувани поради безбедносни причини. Потсетуваме да не се носат никакви забранети предмети (листа на забранети предмети.pdf ). 

На стадионот не може да се внесуваат кеси поголеми од хартија А4. Според регулативите на УЕФА не се дозволени навредливи или дискриминаторски банери /знамиња, како и секаков вид пиротехнички средства. Доколку полицијата пронајде некој од овие предмети, имателот ќе биде пријавен до полициските власти.

ПРИСТАП ДО СТАДИОН

Вратите на стадионот ќе се отвораат три часа пред натпреварот. По безбедносните проверки, ќе следи проверка на документацијата за COVID-19. Потсетување до сите наши навивачи да ги да ги понесат со себе релевантните документи (доказ за вакцинација, потврда за опоравување и/или негативен тест со брис). Лицата кои нема да поседуваат ваква документација нема да можат да влезат на стадионот. По проверката на документацијата за COVID-19, навивачите се упатуваат до местото каде што треба да го покажат билетот за натпреварот и лична карта / пасош. Билетот е персонализиран, на него го има името на сопственикот на билетот. Доколку има несовпаѓање, на сопственикот на билетот нема да му биде дозволен влез. Исто така, лицата без лична карта / пасош нема да смеат да влезат на стадионот.

ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРОТ

Навивачите мора да ги почитуваат прописите на теренот и регулативите на УЕФА. Секое недолично однесување ќе биде земено во предвид од властите. По крајот на натпреварот, гостинските навивачи можат да бидат задржани во секторот за краток временски период (околу 20 минути) за да се овозможи непречено и безбедно напуштање на стадионот.

ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Две аптеки во близина на стадионот каде што може да се обезбеди антиген тест:

1- Farmacia Europa, Via Alcide De Gasperi 221 (800 m од стадионот)

2- Farmacia della Statua, Пјаца Виторио Венето 11 (650м од стадионот)




   
   
Актуелности

26.02.2024    Антидопинг

ФФМ организираше две антидопинг работилници

Работилниците беа организирани за македонските репрезентативки од А селекцијата и младите репрезентативци до 17 години. ...

Календар
А репрезентација