Заслужуваме и спортска среќа. А репрезентацијата на прв собир пред Украина и Белорусија

Објавено на 05 Октомври, 2015 во Вести, Вести

Македонската А репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство против Украина на домашен терен и Белорусија во Борисов.

Освен голманот Столе Димитриевски кој ќе го пропушти првиот тренинг (18.00 часот – тренинг центар „Петар Милошевски“), сите други повикани играчи се ставија во функција на стручниот штаб на репрезентацијата. Селекторот Љубинко Друловиќ верува дека подготовките ќе се реализираат според планираното, а репрезентативците ќе го дадат најдоброто од себе на важниот дуел со украинците.

- За нас е важен натпреварот со Украина, сметам дека можеме да оствариме позитивен резултат. Иако сеуште немаме посакуван резултат од претходните натпревари, мислам дека сме на добар пат. Видовме против Шпанија дека можеме да се надигруваме, бевме сконцентрирани на задачите, се боревме во текот на целиот дуел и токму таков пристап ни треба и на последните две пресметки. Имаме проблеми со реализацијата, но затоа го ангажиравме Несторовски, кој со неговите настапи во хрватскиот шампион апсолутно го заслужи овој повик и се надевам дека на најдобар можен начин ќе ја искористи оваа шанса. Против Украина ќе одиме на победа, јасно е дека ќе биде исклучително тежок натпревар, но верувам во играчите, мора да бидеме на многу високо ниво. Се надевам дека и публиката ќе не поддржи, вели селекторот Друловиќ.


Ферхан Хасани смета дека во подготвителниот период треба да создадеме атмосфера која ќе ни даде мотив да одиграме квалитетно и да се надеваме на победа.

-Мора да се бориме од првата до последата минута, физички мислам дека ќе биде многу тежок натпревар. Важно е да бидеме максимално подготвени за натпреварот, да ги одработиме тренинзите на високо ниво, да создадеме добра атмосфера и тоа да го пренесеме на терен. Украина секогаш имала одлична група на играчи, но јас се надевам дека ќе покажеме се што имаме во себе. Резултатите во овие квалификации не се на посакуваното ниво, но мораме да останеме позитивни, убеден сум дека секој играч ќе одговори на задачите во текот на подготовките и во сите 90 минути од натпреварот, изјави напаѓачот на Шкендија.

Првиот тренинг е денеска од 18.00 часот, во вторник во 10.00 и 18.00 часот, во среда тренингот е закажан во 18.30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Официјалниот на ден пред натпреварот е закажан во 19.30 часот на Националната арена „Филип Втори“. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација