Завршена сезона 2016/2017 во Детски Лиги

Објавено на 26 Мај, 2017 во Вести, Детски лиги


Заврши уште една сезона на ФФМ детските лиги . На тренинг центарот на ФФМ, беа одиграни финалните натпревари од Детските лиги за сезона 2016/2017.  Ги добивме новите шампиони на Македонија во шест возрасни категории (2004-2009).

Во прекрасна атмосфера, новите шампиони ги примија пехарите и медалите од претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, од селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски, од директорот на А репрезентацијата Саша Ќириќ и од генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски. Поединечните награди за најдобри стрелци и најдобри голмани по генерации беа доделени од репрезентативците од А тимот Спировски Стефан и Филип Гачевски, како и од дел од момците од У 21 кои ја направија горда цела Македонија, Игор Алексовски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Кире Маркоски.

Подолу можете да ги погледнете постигнатите резултати како и имињата на добитниците на индивидуалните награди.

Резултати 26.05.2017.pdf 



   
   
Актуелности

26.02.2024    Антидопинг

ФФМ организираше две антидопинг работилници

Работилниците беа организирани за македонските репрезентативки од А селекцијата и младите репрезентативци до 17 години. ...

Календар
А репрезентација