
Датум на раѓање: 10/04/1974, Големо Коњари, Македонија
Тренерска лиценца / Coaching Licence: UEFA Pro Licence
Гоце Седлоски е едно од најзначајните имиња во историјата на македонскиот фудбал, како поранешен репрезентативец, долгогодишен капитен и актуелен селектор на А репрезентацијата на Македонија.
Репрезентативна кариера
Седлоски оствари 100 настапи и постигна 8 голови за македонската А репрезентација, со што останува првиот македонски фудбалер со 100 репрезентативни настапи.
Своето репрезентативно деби го имаше на 27 март 1996 година во Прилеп, на пријателскиот натпревар против Малта (победа 1:0).
100-от репрезентативен настап го запиша на 29 мај 2010 година во Филах, Австрија, на пријателскиот натпревар против Азербејџан (победа 3:1).
Првиот репрезентативен гол го постигна на 20 ноември 2002 година во Скопје, на пријателскиот натпревар против Израел (2:3).
Клупска кариера (фудбалер)
Професионалната кариера ја започна во ФК Братство Големо Коњари и ФК Питу Гули Крушево, а поширока афирмација стекна со настапите за ФК Победа Прилеп.
Во странство настапуваше за ХНК Хајдук Сплит, Шефилд Венздеј ФК, НК Динамо Загреб, Вегалта Сендаи (Јапонија), Дијарбакирспор (Турција) и СВ Бауелт Кох Матерсбург (Австрија).
Седлоски е првиот странец капитен во историјата на НК Динамо Загреб.
Трофеи и достигнувања (како играч)
Хрватско првенство: 1998/99, 1999/00, 2002/03 (НК Динамо Загреб)
Хрватски куп: 2000/01, 2001/02, 2003/04 (НК Динамо Загреб)
Хрватски Суперкуп: 2001, 2002 (НК Динамо Загреб)
Тренерска кариера
По завршувањето на играчката кариера, Седлоски ја започна тренерската работа како асистент и подоцна како в.д. селектор на македонската А репрезентација.
На клупско ниво беше шеф на стручниот штаб на Хоризонт Турново, Вардар, Рига (Летонија), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), Динамо Загреб II (Хрватска), Шкупи, Влазниа (Албанија) и Работнички.
Трофеи и достигнувања (како тренер)
Шампион на Македонија со ФК Вардар – сезони 2015/16 и 2016/17, шампион на Македонија со ФК Шкупи – сезона 2021/22, Куп на Македонија со ФК Вардар – сезона 2024/25;