За Нас

Фудбалската федерација на Македонија има привилигија, одговорност и можност да го управува фудбалот во Македонија во сите негови аспекти.

Развојот на аматерскиот и на професионалниот фудбал го остваруваме во партнерство и во соработка со ФИФА и со УЕФА, како фудбалски организации во коишто сме полноправни членки, со Владата на Република Македонија, со стопанството и секако, со спонзорите.

Преземајќи ја улогата, а со тоа и одговорноста да се биде во фудбалот, ние мора да се адаптираме на околностите кои постојано се менуваат и се развиваат. Ние мора да се соочиме со сите нови предизвици кои ги носи фудбалот во светот. Мора да поставуваме нови цели кои ќе не водат до успех, на фер-начин и со вистински вредности. Секоја година, ќе се трудиме да бидеме и спортски и организаторски и административни победници.

Нашата мисија е да и служиме и да ја водиме Фудбалската федерација на Македонија кон остварување резултати и со успешно водство да градиме интегритет за, во целост, да ја сочуваме фудбалеката игра. Да ја заштитиме и да се грижиме за фудбалската иднина, преку јакнење победнички менталитет и преку овозможен пристап на сите кои сакаат да бидат дел од фудбалот во Македонија. Наша мисија е да соработуваме со локалните и со регионалните организации и здруженија, клубови, лиги, гледачи, навивачи и со останати страни кои ја водат играта и го забрзуваат растот, развојот и континуитетот на македонскиот фудбал.

ФФМ е во тесна соработка и со тенденција да ги засилуваме релациите со ФИФА и УЕФА, организации кои имаат занчајна улога во развојот на фудбалот, во промоција на здравјето и во едукацијата во Македонија, во соседството и во светски рамки.

Македонскиот фудбал е еден од најголемите наши амбасадори, промотор на фер-игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на здравје и едукација во нашето општество. Наша мисија е да ги штитиме вредностите и клучните принципи на фудбалската игра, како што се: интегритетот, различноста, дигнитетот, правилата на игра, судиите, противниците и поддржувачите, со цел да го заштитиме вистинскиот дух на нашата игра.

Нашата визија е да станеме почитувана фудбалска организација, во земјава и надвор од неа, организација која им служи на сите заинтересирани за фудбалската игра во земјава. Посветени сме на почитување на фудбалската игра и на нашите противници со „фер-плеј“, со одговорност и почит кон сите индивидуи, без разлика дали се играчи, гледачи, навивачи, поддржувачи, партнери или тоа е самото општество, законот и правилата на игра, што претставува наша одговорност кон меѓународното фудбалско семејство.

Масар Омерагиќ, македонски стопанственик, поранешен фудбалер и фудбалски работник е роден во главниот град на Македонија, Скопје, на 16 ноември 1969 година.

Тој е поранешен фудбалер на ФК Слога Југомагнат од првата шампионска генерација на скопскиот клуб, а во кариерата како играч настапуваше и за ФК Балкан, ФК Силекс од Кратово и во нашиот најтрофеен фудбалски колектив, ФК Вардар.

Од 2000 до 2002 беше член на меѓународната комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а во највисокото тело на ФФМ, Управниот одбор, беше член од 2002 до 2006 година. Во тој период ја извршуваше функцијата директор на македонската национална селекција. 

Масар Омерагиќ по завршувањето на фудбалската кариера работеше во фирмата на неговото семејство, а подоцна ја презеде функцијата сопственик и генерален директор на компанијата „Руле Турс“.

Оженет, татко на двајца синови, течно зборува англиски јазик, Масар Омерагиќ отсекогаш развивал посебен интерес за застапување на македонскиот фудбал и фудбалските клубови со јасна визија за иднината и за заштита, промоција и развој на македонскиот фудбал, ставајќи го фудбалот на прво место.

Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК. 

Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.

Марјанчо СТОЈКОВСКИ – МАНТА – Потпретседател на У.О. на ФФМ

Џевад ДИБРАНИ – Потпретседател на У.О. на ФФМ

Добре ИВАНОВ – член на У.О. на ФФМ

Димитар ЏОНОВ – член на У.О на ФФМ

Владимир ГАШЕВСКИ – член на У.О. на ФФМ

Игор ФРАНГОСКИ – член на У.О. на ФФМ

Сашко ТАСЕВ – член на У.О. на ФФМ

Светозар СТАНКОВСКИ – член на У.О. на ФФМ

Златко ТАЛЕВСКИ – член на У.О. на ФФМ

Агим ИБРАИМИ – член на У.О. на ФФМ

Абдула САКИПИ – член на У.О. на ФФМ

Станко МАНЧЕВСКИ – член на У.О. на ФФМ

Дарко КОСТОВСКИ – член на У.О. на ФФМ

Горан ГАВРИЛОВ – член на У.О. на ФФМ

Ѓорѓи УГРИНОВСКИ – член на У.О. на ФФМ

Берат ИСМАИЛИ – член на У.О. на ФФМ

Борче ЛАЗАРЕВСКИ – член на У.О. на ФФМ

Славе КОСТОВ – член на У.О. на ФФМ