Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за поведување дисциплински постапки и изрекување казни за фудбалери и официјални лица од натпреварувањата во рамки на ФФМ.
Поведување на постапка против ФК Пелистер АД поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Пелистер- ФК Тетекс во рамки на 12 коло Втора МФЛ.
Поведување на постапка против ФК Тетекс поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Пелистер- ФК Тетекс во рамки на 12 коло Втора МФЛ.
Поведување на постапка против ФК Тиквеш 1930 поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Вардар-ФК Тиквеш 1930 во рамки на 14 коло Прва МФЛ.
Баже Јанакиевски Шеф на стручен штаб на ФК Работнички забрана за вршење на функција еден месец
Лорик Каба Јакупи, фудбалер на ФК Аресими 1973 АД забрана за настап на три натпревари поради директен црвен картон на натпреварот ФК Скопје АД -ФК Аресими 1973 АД одигран во рамки на 14.коло во Прва МФЛ.
Тодор Туриманџов, претставник на ГФК Тиквеш 1930 АД 3 месеци забрана за вршење на функција поради директен црвен картон на натпреварот ФК Вардар-ФК Тиквеш 1930 во рамки на 14 коло Прва МФЛ.





