Timovski: Kundër Shkëndijës duam të luajmë mirë dhe të regjistrojmë rezultat pozitiv

После серијата на добри резултати, во минатото коло Силекс загуби на домашен терен од Вардар. И покрај добрата игра, сепак, на крајот мораше да се помири со загубата на бодовите. Сега за кратовскиот состав е нов сериозен предизвик, и дуел против тетовска Шкендија кој се игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ангелче Тимовски, фудбалерот на Силекс очекува неговиот тим да ја продолжи низата на добри игри, и се надева дека овој пат тоа ќе донесе резултат, односно нема да се повтори дуелот со Вардар.

„Силекс, како и на секој натпревар, и на овој оди на позитивен резултат. Шкендија добро ја познаваме, ја анализиравме и мислам дека, ако ги исполниме задачите на тренерот, ќе дојдеме до посакуваниот резултат. Имавме добра серија, победивме неколку натпревари. Поразот од Вардар ни дојде како шлаканица која не беше заслужена. Постигнавме и два гола кои беа поништени, имавме и неколку шанси. Играме добро, создаваме шанси и мислам дека со Шкендија ќе одиграме пред сè добар натпревар и ќе дојдеме до посакуваниот резултат“, изјави Тимовски.

Околу тоа што натпреварот се игра на Националната Арена во Скопје, Тимовски додава:

„Терен како терен, играш на најдобриот стадион во државата. Можеби дополнителен мотив е и тоа што ја победивме Шкендија во финалето на Купот на тој стадион. Мотивација кај нас ќе има сигурно, останува само да одиграме еден добар меч и да дојдеме до добар резултат“, рече Тимовски.