Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната екипа во 54. минута го постигна својот втор гол.

Асистентот-судија, постапувајќи во согласност со ВАР протоколот, го одложи сигнализирањето за можен офсајд, дозволувајќи акцијата да заврши. Веднаш по постигнувањето на голот, сигнализираше офсајд.

ВАР судиите започнаа проверка на ситуацијата во согласност со ВАР протоколот. Со оглед на тоа што стануваше збор за исклучително тесна офсајд-ситуација, беше спроведена детална проверка, вклучително и исцртување офсајд-линии.

По завршувањето на проверката, врз основа на исцртаните офсајд-линии, ВАР судиите утврдија дека нема офсајд-прекршок и му ја соопштија фактичката одлука на главниот судија. По интервенцијата на ВАР, првичната одлука на теренот беше променета, а голот на домашната екипа беше правилно признаен.

Во останатиот дел од натпреварот, судискиот тим демонстрираше добро ниво на контрола, со правилна примена на Правилата на фудбалската игра, конзистентен критериум при проценката на прекршоците и изрекувањето дисциплински санкции, како и успешно менаџирање на играта и однесувањето на играчите.