Есмир Хасукиќ со два гола му донесе нови три бода на тимот на Силекс во дуелот со Шкендија Арачиново, со што кратовскиот тим сега се искачи пред својот денешен противник на прволигашката табела.
Напаѓачот на Силекс постигна по ден гол во двете полувремиња, за конечна победа од 2:0.
Кратовскиот прволигаш поведе уште во 3. минута. Од десната страна нафрли Делимеѓац, а Хасукиќ ја зафати топката со глава и го совлада Столевски.
Немаше многу жар до крајот на полувремето, освен една шанса за Шкендија Арачиново преку Симоновски, и одбрана на Џеков.
Вториот гол на Силекс се случи во 52. минута. По една акција, Тимовски додаде до Хасукиќ кој излезе сам пред Столевски и го совлада, меѓутоа беше досуден офсајд. Но, ВАР судиите покажаа дека голот е, сепак, регуларен и Силекс поведе со 2:0.
Уште две добри шанси имаше Силекс за поубедлив триумф преку Делимеѓац од слободен удар и преку Манојлов, но првиот шут го одбрани Столевски, додека вториот заврши крај голот. И Шкендија Арачиново имаше неколку прилики да намали, но на крајот Џеков со неколку успешни интервенции ја сочува својата мрежа и на овој натпревар.





