Како резултат на проектот „Touch the Goal – Фудбал за секое дете“, поддржан од Фудбалската федерација на Македонија и финансиран преку наградата од УЕФА Фондацијата за деца, ОУРЦ „Иднина“ – Скопје го објави прирачникот за практична примена на адаптиран фудбал во инклузивна средина.
Прирачникот нуди практични насоки и активности за вклучување на децата со различни способности во фудбалот и е наменет за наставници, специјални едукатори и рехабилитатори, образовни асистенти и спортски тренери.
Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.
Преземете го прирачникот:





