Џемаили: Арсими против Брегалница цели само на победа

Арсими ги продолжува подготовките за следниот првенствен натпревар против Брегалница, средба која се смета за исклучително важна за тимот. Во пресрет на  дуелот, своите очекувања ги сподели фудбалерот Семир Џемаили, кој истакна дека единствена цел е освојување на трите бода.

По двете ремија против силните противници Силекс и Тиквеш, во таборот на Арсими владее оптимизам дека тимот е подготвен да се врати на победничките патеки.

 „На последните два натпревари одигравме нерешено против квалитетни екипи како Силекс и Тиквеш. Сепак, сега сме целосно фокусирани на натпреварот против Брегалница, каде што целиме само на позитивен резултат, односно победа и освојување на трите бода. Се надеваме дека со поддршката од нашите навивачи ќе ја оствариме целта и заедно ќе славиме“, изјави Џемаили.

Арсими ќе се обиде пред домашната публика да стигне до посакуваниот резултат и да ја продолжи позитивната серија во шампионатот. Натпреварот Арсими- Брегалница ќе се одигра денес со почеток од 12 часот на градскиот стадион во Гостивар.