Во дуел во кој ќе се сретна екипи кои што сеуште не можат да кажат дека обезбедиле мирен прволигашки од до крајот на сезоната, денеска во Гостивар со почеток од 14:00 часот ќе се сретнат екипите на Арсими и Македонија ЃП.
Арсими има 25 бодови во моментов и е место над позициите на табелата кои водат во баражот за опстанок додека пак Македонија ЃП има жестоки битки пред себе на секој дуел до крајот на сезоната.
„Денеска е денот кога Македонија ЃП стартува позитивна серија. И кога на овој тим ќе му тргне што се вели. Мотивирани сме на максимум, денеска мора да се освојат бодови. Немаме повеќе кредит што се вели, мечевите против Арсими, а потоа и против Башкими и Работнички за нас мора да бидат позитивни. Одиме чекор по чекор, но ќе повторам. Денешниот меч за нас е многу важен“ – вели универзалецот на Македонија ЃП, Адем Али.





