Екипата на АП Брера ги освои трите бода од гостувањето во Струга, победувајќи го тимот на Струга ТЛ со 2-4. Со тоа продолжува успешната низа на струмичкиот прволигаш во ПМФЛ, кој е непоразен веќе четири кола во првенството.
За само седум минути гостите имаа предност од 0-2 со головите на Наумчески и на Кире Стојанов. Струга ТЛ се врати со погодокот на Зенку, а потоа гостите стигнаа повторно со предност од два гола, откако во мрежата на Николоски погоди Ндзенгуе.
За Струга ТЛ да замине само со минимална негатива на полувреме, се погрижи Буњамин Шабани кој постигна прекрасен гол за 2-3.
Во второто полувреме уште еден гол за АП Брера преку Ндзенгуе за 2-4, резултат после кој домашните не успеаја да се вратат, за на крај бодовите да заминат во Струмица.





