Ардит Демири: Башкими нема да се врати со празни раце од Кавадарци

Екипата на Башкими ја искористи десетдневната пауза поради квалификациските натпревари за Светското првенство во 2026 година и одигра пријателски натпревар со Гњилане во гости, притоа забележувајќи победа од 3-2. Екипата од Куманово отпатува во Кавадарци со максимален фокус и јасна цел – да одигра добар натпревар и да се врати дома со цел плен.

„Нѐ очекува тежок натпревар бидејќи Тиквеш по лошата серија, сега е  тим достоен за почит. Башкими ја искористи оваа кратка пауза за да ги наполни батериите и да се подготви што е можно подобро за претстојниот натпревар. Евентуална победа ќе нѐ позиционира високо на табелата и ќе ни овозможи порелаксирана пролетна сезона. Башкими нема да се врати со празни раце од Кавадарци, тоа им го должиме на нашите навивачи и на градот“, рече, меѓу другото, Ардит Демири.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Башкими ќе се игра на стадион во Кавадарци, со почеток во 13:00 часот.