Во пресрет на историското деби на ФК Арсими 1973 во Прва МФЛ, по 52 години постоење, клубот на денешниот дуел против ФК Башкими 1947 ја истакнува својата посветеност на квалитетно издание во натпреварувањето и мотив за позитивен впечаток.
„Веруваме дека ќе бидеме подготвени да дадеме пример на екипа што игра со страст, почит и достоинство, а пред сè, ги почитува противниците и промовира коректна и фер игра.
Само со таков пристап ќе им овозможиме на нашите навивачи и на сите љубители на фудбалот да уживаат во натпреварите, додека нашиот клуб со достоинство и гордост ќе се бори за позитивни резултати“,
изјави претседателот на ФК Арсими, Амир Билали.
Капитенот на ФК Башкими, Арменд Алими, во најавата за натпреварот додаде:
„Не очекува тежок натпревар. Целосно сме подготвени и мотивирани да ја започнеме сезоната со победа.
Играме дома и верувам дека со поддршката од публиката, која ќе дојде во голем број, на крајот ќе се израдуваме на победата.“





