По значајната победа на гости против Тиквеш во Кавадарци, Арсими се подготвува за следниот предизвик во рамките на 11-то коло од Првата Фудбалска Лига, каде ќе се соочи со Работнички.
Атмосферата во таборот на Арсими е позитивна, а победата во Кавадарци донесе дополнителна мотивација и самодоверба кај фудбалерите. Еден од играчите во одбранбениот ред на Арсими Ајрадин Цуцули вели дека атмосферата е ведра и очекува ритамот на победите да продолжи.
“По победата против Тиквеш на гостински терен, напорно работевме и за овој натпревар во средината на неделата против екипата на Работнички. Нормално дека сме среќни што ја добивме средбата со Тиквеш, затоа што ги имавме нашите шанси и ги искористивме максимално. Тоа беше голем пресврт на резултатот и ја постигнавме нашата цел победата, изјави дефанзивецот на Арсими,Цуцули. Сега пред нас имаме противник како Работнички. Знаеме дека и тие не се во најдобра форма, но тоа не не интересира. Ние ќе излеземе на терен само со цел за победа. Сакаме да фатиме ритам на победи и да докажеме дека триумфот во Кавадарци не беше случајност”, додаде Ајрадин Цуцули дефанзивецот на Арсими.
Натпреварот помеѓу Арсими и Работнички се игра утре на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 13:30 минути.





