Бабунски: Да продолжи победничката низа и да ја завршиме годината на најдобар можен начин

Денеска на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски со почеток од 13:00 часот, екипата на Вардар го пречекува градскиот ривал Шкупи.

Поранешните шампиони на Македонија се во дијаметрално спротивни ситуации. Вардар е пред промоција во есенски шампион, а Шкупи до крајот на првенството го очекува жестока битка за опстанок во елитното друштво.

Давид Бабунски е едно од новите имиња во редовите на Вардар сезонава. Македонскиот репрезентативец донесе стабилност и искуство во екипата што на „црвено – црниот“ табор секако дека му е потребно.

„Сакаме да ја продолжиме низата на победи и да ја завршиме годината на најдобар можен начин. Целта е јасна и оваа сезона. Сепак, иако сме на добар пат, има уште доста да се игра до крајот на сезоната“ – вели Бабунски па продолжува.

„Свесни сме дека сите екипи кои играат против имаат голема мотивација против Вардар. Затоа за нас секој меч е ист што се однесува со желбата, мотивацијата, концентрацијата и нивото на борбеност, без разлика на противникот“ – додава искусниот играч за врска.

„Велам, нас не ни менува дали е тоа Шкупи или некој друг. Ние се подготвуваме за секој меч идентично. Секој меч за нас значи само едно, освојување на три бода“ – поентира Бабунски.