Башкими славеше против Струга Трим Лум во Куманово

Башкими направи големо изненадување совладувајќи го фаворизираниот тим на Струга Трим Лум на домашен терен во Куманово со 2-1 во последниот натпревар од деветтото коло до Првата фудбалска лига. Тимот на Муарем Муарем одигра одличен меч и со поддршка од публиката стигна до многу важна победа.

Струга Трим Лум по овој пораз пропушти шанса да се искачи на врвот и да се израмни со лидерот Шкендија. Стружани остануваат на втората позиција со 17 бода, колку што има и Вардар.

Башкими во 17.минута првпат сериозно се закани Никел Ор со удар од 20 метри, но Васко Василев одбрани. Голманот на Струга Трим Лум одлично реагираше и при шутот на Луис Рибеиро од левата страна две минути подоцна.

Сепак, Струга Трим Лум поведе со 0-1. Во 26.минута, Меметриза Хамза изведе корнер од левата страна, а Ласана Диако погоди од непосредна близина со удар со глава.

Но, Башкими успеа да израмни осум минути подоцна. Никел Ор одлично продре од левата страна и го совлада Васко Василев. На почетокот на второто полувреме, целосен пресврт и водство за Башкими.

Во 51.минута, Антонио Мајимона продре по левата страна и успеа да ја погоди мрежата на Струга Трим Лум. По примениот гол, Струга Трим Лум тргна по израмнување, но и покрај иницијативата не создаде стопроцентна можност.

Агамах во 84.минута се обиде со удар од 18 метри, но не беше прецизен. На спротивната страна се закани Фавзи со удар од далечина, но топката заврши крај голот.

Во 88.минута Бесмир Бојку упати удар од 16 метри, но не беше доволно прецизен.  До крајот и Марјан Радески шутираше со глава, но младиот голман Алиу беше сигурен на голот.