Струга Трим Лум со гостувањето денеска кај Арсими и официјално ќе ја затвори сезоната 2025/26. Со освоеното трето место, стружани го повторија успехот од сезоната 2020/21, но не успеаја да изборат пласман на европска сцена.
Бесмир Бојку истакна дека тој и соиграчите планираат да стигнат до трите бода и сезоната да ја завршат со победа.
„Очекуваме отворен и убав натпревар за навивачите. Ова е последен меч во сезоната и сакаме да го завршиме со позитивен настап и добар резултат“, изјави Бојку.
„Мислам дека во текот на сезоната покажавме многу позитивни работи. Секогаш може повеќе, но ако се погледне текот на првенството, третото место е резултат што треба да се вреднува“, истакна Бојку.
Струга Трим Лум оваа сезона имаше максимален успех во дуелите со Арсими.
„Ги добивме претходните два натпревари против Арсими и сигурно влегуваме со самодоверба. Ќе дадеме максимум за да ја оствариме и третата победа и сезоната да ја затвориме со три бода“, порача Бесмир Бојку.
Натпреварот меѓу Арсими и Струга Трим Лум се игра денеска, со почеток од 16 часот, на Градскиот стадион во Гостивар.





