Заврши репрезентативната пауза и продолжува домашниот шампионат. Во Струмица денеска гостува Вардар на дуел против АП Брера во натпревар кој за двата тима има дијаметрално спротивно значење.
АП Брера едноставно сезонава сака да обезбеди опстанок и мирен финиш, а за Вардар секој нерешен резултати или пораз значи проблем за неговите нескриени шампионски амбиции.
„Добро работевме во текот на оваа мини репрезентативна пауза. Подготвени сме за овие три последни мечеви од есенскиот дел од шампионатот. Целта секако е јасна, во стил да ја завршиме оваа одлична година за нас. Денеска не чека тежок натпревар. АП Брера не е тим кој треба да се потцени, и нејзиното место на табелата не дава реална слика за силата на овој тим. Тие на неколку наврати сезонава покажаа против повеќе екипи дека се страшно незгодни. Сепак, ако ние сме вистинските денеска, Вардар е тој кој што ќе се радува во Струмица. Се зависи од нас“ – изјави Немања Босанчиќ.





