Центарот за едукација објавува конкурс за УЕФА Ц тренерска лиценца

Центарот за едукација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објавува конкурсот за пријавување на нови кандидати за УЕФА Ц тренерска лиценца.

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат во предвидениот рок (15 септември 2026), согласно насоките и критериумите објавени од Центарот за едукација при ФФМ. Детални информации за условите, потребната документација и начинот на пријавување се достапни во документите во продолжение.

Пред пополнување на пријавата, Ве замолуваме добро да се погледнат критериумите за учество на УЕФА курсевите објавени детално во документот (линкот) подолу, со што сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.

Конкурсот е отворен до 15 септември 2026 година. За дополнителни прашања во врска со конкурсот за тренерски лиценци, можете да се обратите на следната e-mail адреса: slavisha.karovchevski@ffm.com.mk