Вардар го остави зад себе лошиот период и во минатото коло славеше против Силекс на домашен терен, но денеска актуелниот шампион е пред нов предизвик. Гостува во Кавадарци и ќе се соочи со Тиквеш.
Императив е да се освојат трите бода, затоа што во спротивно конкурентите ќе побегнат премногу бодовно уште на стартот на сезоната.

Младиот офанзивец Димитар Данев, кој беше стрелец против Силекс, ја потенцира важноста Вардар да фати победнички ритам во првенството.
„Работевме напорно изминативе денови и фокусирани сме на натпреварот со Тиквеш. Ова е многу важен меч за нас, затоа што по триумфот над Силекс сакаме да фатиме победнички ритам. Ќе сториме сѐ да ги освоиме трите бода во Кавадарци, иако знаеме дека Тиквеш игра квалитетно пред своите гледачи. Сепак, ние веруваме во нашите способности и одиме на победа“, порача Данев.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар е закажан за 17 часот и ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци. Со овој дуел се заокружува петтото коло од Првата фудбалска лига.





