Детска лига: Финале за паметење

Викендот на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одигра финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за сезона 2024/2025.

Во учество на 96 екипи – регионални победници и повеќе од 1500 фудбалери од 7 до 13 години, беа одиграни 96 натпревари, по што ги добивме шампионите во шест натпреварувачки категории.

2012 – ФК Форца; вицешампиони ФК Кул

2013 – ФК Шкупи; вицешампиони ФК Брера

2014 – ФК Форца; вицешампиони ФК Талент

2015 – ФК Парк; вицешампиони ФК Брера

2016 – ФК Форца; вицешампиони ФК Парк

2017 – ФК Еуроспорт; вицешампиони ФК Бутел

Индивидуалните признанија од завршниот турнир ги понесоа:

Категорија Најдобар стрелец на завршен турнир Најдобар голман на завршен турнир
2012 Ангел Симоновски (Кул) и

Михаил Василевски (Форца)

Огнен Божиновски  (Форца)
2013 Емир Османи (Шкупи) Алкам Јаѓари (Шкупи)
2014 Павел Гушиќ (Форца) Дамјан Станчевски (Форца)
2015 Михаил Тасевски (Парк) Матеј Јованчев (Парк)
2016 Даријан Галески (Форца) Матеј Стојковски (Форца)
2017 Димитри Димитриевски (Еуроспорт) Таше Јосифовски (Бутел)

Во продолжение може да ги погледнете резултатите од сите одиграни натпревари.