Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton
– Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен
чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски
репрезентации.
Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар
Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го
потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор
на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката
посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.
Ова партнерство претставува уште една потврда за вредноста и
реномето на ФФМ, но и за желбата на светски брендови да бидат дел од
фудбалското семејство на Македонија.
“Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со
хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности. Веруваме дека
оваа соработка ќе продолжи да расте и да придонесува за успехот на нашите
селекции. Благодарност за довербата и поддршката”, изјави генералниот
секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.
“За нас е чест што сме препознаени како доверлив партнер на
ФФМ. Ова партнерство е потврда за нашата посветеност на квалитет и
поддршка на спортот во Македонија”. истакна генералниот директор на DoubleTree
by Hilton – Skopje, Ѓоре Велковски.
DoubleTree by Hilton – Skopje веќе е репрезентативна база на
најдобрата национална селекција, обезбедувајќи високи стандарди, врвни услови
за престој и подготовка на нашите фудбалери.
Новото партнерство претставува чекор во продлабочувањето на
соработката меѓу ФФМ и Double Tree by Hilton – Skopje.






