ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА https://ffm.mk
Ви благодариме што покажавте интерес за да ја посетите нашата веб страница https://ffm.mk. ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ФФМ) како контролор на лични податоци посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, тоа е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци[1]. Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
ФФМ како контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет.
Нашата политика за приватност се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за нашите посетители и корисници. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.
Личен податок
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Субјект на личните податоци
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
Обработка на личните податоци
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Ограничување на обработката на податоците
Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
Профилирање
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Controller
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
Обработувач
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Трето лице
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
Согласност
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Бул. АСНОМ бр.21, Скопје
Република Северна Македонија
Веб страница: https://ffm.mk
Секој посетител или корисник на оваа веб страница, може директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.
Контакт телефон: 077 504804
Е-маил адреса: ozlp@ffm.mk
Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).
Правна основа на обработката на личните податоци
Правна основа за обработка на Вашите лични податоци на нашата веб страница преку формите „Регистрација“, „Најави се“, „Зачлени се“ and „Контакт“ is Вашата согласност.
Цели на обработката на личните податоци
„Регистрација“
Доколку сакате да се регистрирате со Ваш кориснички профил на нашата веб страница, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: име и презиме, електронска адреса, пол, лозинка, IP адреса (се зачувува автоматски).
При креирањето на кориснички профил на https://ffm.mk Ви нудиме можност да се согласите со оваа Политика за приватност.
Откако сте веќе регистрирани корисници на https://ffm.mk, за да се најавите, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: електронска адреса, лозинка, IP адреса (се зачувува автоматски).
„Зачлени се“
Доколку одлучите да се зачлените на нашата мејлинг листа, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: електронска адреса – задолжитиелен личен податок и име и презиме, пол, датум на раѓање, место како опционални лични податоци.
„Контакт“
Доколку одлучите да комуницирате со нас користејќи ја оваа форма, потребно е да ги внесете следните Ваши лични податоци: име, електронска адреса, и останати лични податоци кои може да се најдат во содржината на Вашиот наслов и/или порака.
Со Вашето зачленување на https://ffm.mk Ви нудиме можност да се согласите со оваа Политика за приватност, но и можност да се согласите да добивате известувања за нашите понуди, новости и поволности (директен маркетинг).
Со најавување на нашата веб страница, се зачувува IP адресата доделена од давателот на Интернет услуги и датумот и времето на Вашето најавување. Ова е единствениот начин да се спречи злоупотребата на нашите услуги и да се овозможи истрага за сторена повреда, доколку е потребно. Зачувувањето на овие податоци е потребно за наша заштита. Овие податоци нема да бидат откриени на трета страна, освен ако се откријат за цели на кривично гонење или ако постои друга законска обврска за нивно откривање.
Сите регистрирани корисници можат во секое време да направат исправка на личните податоци внесени при регистрацијата или целосно да ги избришат личните податоци од нашата база на податоци.
Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот. Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.
Со користење на колачиња на нашата веб страница, Ви нудиме подобри услуги Вам на корисниците. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашата веб страница. Целта на ова е да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.
Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.
Повеќе информации се достапни во Политиката за колачиња на (линк)
Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.
На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.
Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.
Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.
Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.
Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.
Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.
Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:
https://help.instagram.com/155833707900388, https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.
На нашата веб страница, интегрирана е компонентата на YouTube. YouTube е интернет видео портал кој им овозможува на видео издавачите и на другите корисници бесплатно да поставуваат видеозаписи, како и бесплатно нивно прегледување, оценување и коментирање. YouTube ви овозможува да објавувате секаков вид на видеа, да пристапите до цели филмови и ТВ -емисии, како и музички видеа и видеа направени од корисници преку Интернет порталот.
YouTube услугата ја овозможува трговското друштво Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница на која е интегрирана компонентата YouTube (видео на YouTube), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube се достапни на https://www.youtube.com/howyoutubeworks/. Во текот на овој технички процес, YouTube е информиран која веб страница сте ја посетиле.
Ако сте најавени на YouTube, YouTube ја препознава секоја посета на нашата веб страница. Овие информации се собираат од YouTube и Google и се доделуваат на вашата сметка на YouTube.
YouTube и Google добиваат информации преку компонентата YouTube дека сте ја посетилe нашата веб страница, ако сте најавени на YouTube во моментот на посетата на нашата веб страница. Ова се случува без разлика дали сте кликнале на YouTube видеозаписот или не. Доколку не се согласувате со таквиот пренос на податоци на YouTube и Google можете да се одјавите од Вашиот профил на YouTube пред да се најавите на нашата веб страница.
Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube кои се достапни на следниот линк https://policies.google.com/privacy?hl=en, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од страна на YouTube и Google.
При користењето на https://ffm.mk може да Ви бидат прикажани линкови до други страници со кои не управуваме ние. Доколку кликнете на линк на трето лице, ќе бидете насочени кон страницата на третото лице. Ве советуваме да ја погледнете Политиката за приватност на секоја страница што ја посетувате.
https://ffm.mk нема контрола и не преземаме одговорност за содржината, политиките или практиките за приватност на страници или услуги на трети лица.
Веб страницата https://ffm.mk се хостира на VPS сервер
Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани.
Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка. Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за некоја од целите на користење на веб страницата https://ffm.mk, Вашите лични податоци ќе бидат избришани.
Вашите лични податоци кои се обработуваат за целите на користење на https://ffm.mk се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци.
https://ffm.mk користи двојна идентификација пред воопшто да станете корисник, односно:
Комуникацијата на https://ffm.mk е осигурена со https (Hypertext Transfer Protocol Secure) протокол и енкриптирана со користење на TLS (Transport Layer Security) протокол.
ФФМ презема соодветни сигурносни мерки за заштита од неавторизиран пристап, незаконско откривање или уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен исклучиво на овластени лица, а истиот се дава за цели на обезбедување на непречено функционирање на https://ffm.mk.
Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани и се обработуваат.
Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.
Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.
а) Право на потврда
Како субјект на лични податоци (корисник, купувач, посетител) имате право да добиете потврда од ФФМ дали ги обработуваме Вашите лични податоци.
б) Право на пристап
Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од ФФМ за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:
Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)
Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
д) Право на ограничувања за обработка
Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
ѓ) Право на преносливост на податоци
Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на Ваша согласност, имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор, под услов ако е технички изводливо.
Имате право да поднесете приговор до ФФМ, против обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг. Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.
ж) Право на повлекување согласност за заштита на податоците
Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време. Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, Ве молиме пристапите до следниот линк: (да се стави линк до обрасците)
Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање без одлагање.
За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, контактирајте го офицерот за заштита на лични податоци на:
Контакт телефон: (+389)
Е-маил адреса:
https://ffm.mk не е наменет да биде користен од страна на лица под 16 години. Доколку дознаете дека Вашето дете кое е на возраст под 16 години без Ваша согласност има откриено лични податоци на https://ffm.mk, известете на е-адреса на офицерот за заштита на личните податоци.
Доколку ние откриеме дека на е регистрирано лице помладо од 16 години, ќе ги преземеме сите мерки за бришење на личните податоци споделени од тоа лице и ќе го избришеме корисничкиот профил.
ФФМ, земајќи ги предвид искуствата на корисниците и надградувањето на функционалностите на https://ffm.mk ќе врши повремени дополнувања на оваа Политика за приватност. Ве охрабруваме да ги следите измените и дополнувањата на Политиката за приватност, а се со цел да бидете навремено информирани за заштитата на обработката на Вашите лични податоци.
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
[1] „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20.