ФФМ со on-line платформа за продажба на билети | ФФМ

Преку eticket.ffm.mk подгответе се за натпреварот во неколку чекори.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја
стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на
влезници за натпреварите на македонската репрезентација. 

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе
можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа,
(eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за
поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот: 

1. Посетете ја платформата https://eticket.ffm.mk/

2. Изберете натпревар; 

3. Одберете седиште; 

4. Извршете уплата; 

5. Преземете го дигиталниот билет;

 Со оваа платформа добивате: Безбедно и
лесно купувањена билети, предвремен пристап до
влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање
во реално време за достапноста на билетите. 

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на
македонски, албански и англиски јазик.

Посетете ја https://eticket.ffm.mk/ за повеќе информации и бидете дел
од поинакво фудбалско
искуство. 

Напред Македонија!