Финален турнир ФФМ Детска лига 2022-2023

 

Во периодот од 26. до 28. мај на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одиграат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.

Почнувајќи
од утре во 13:00 часот, а заклучно со недела во 13:30 часот на ФФМ тренинг
центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во
6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).

Ова е само завршница на годинешното издание на Детска лига каде имавме учество на 135 клубови и 575 екипи со повеќе од 8500
млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките
на своите региони.

На
учесниците им посакуваме среќа и успех на претстојните натпревари и истите да поминат
во духот на фер плејот, а воедно и упатуваме отворена покана за присуство до
сите заинтересирани.

Во
продолжение можете да го погледнете распоредот за финалните турнири.

ФФМ Детска лига – Финален турнир 2023.pdf